Шест жртви во пожарот во Нови Сад: Загинаа двајца родители и нивните четири деца

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Шестчлено семејство загина во пожар што синоќа избувна во населбата Салајка во Нови Сад, на аголот од улиците Ѓорѓе Дера и Давид Рацковиќ.

Во пожарот загинаа двајцата родители и деца на возраст од 2, 4, 5 и 7 години.

Сите шест жртви спиеле во една соба од куќата на улицата Ѓорѓа Дера, а според првичните информации причина за смртта е задушување.

Според првичните информации, се запалила батеријата на електричниот скутер кој бил на полнач.

– Видов дека гори, почнав да им се јавувам, но не ме слушнаа – рекол првиот сосед на семејството што загина во пожарот во текот на ноќта.