Шестмина загинаа и еден повреден во хеликоптерска несреќа во Индија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Шест лица загинаа, а едно лице е повредено откако хеликоптер се урна утрово во градот Утаркаши во Индија.

Според првичните извештаи, хеликоптерот со седум патници и членови на екипажот се урнал во близина на Ганготри, објави „Индија њуз“.

Спасувачките операции се во тек, а службени лица и екипи за итни интервенции се присутни на местото на несреќата, изјави комесарот на дивизијата Гарвал, Винај Шанкар Пандеј.