Шкендија Арачиново е нов прволигаш, откако во баражот во Кавадарци го совлада Пелистер по подобро изведување на пенали со 7-6.
Регуларниот дел заврши без победник (1-1), па патникот во Првата македонска фудбалска лига беше решен по пенал-рулетот. Херој на арачиновци беше голманот Антонио Столевски, кој со своите интервенции даде огромен придонес за историскиот успех на својот тим.
Во вториот бараж, Скопје со голот на Душко Трајчевски во 88. минута ја совлада АП Брера со 1-0 и исто така обезбеди место во елитното друштво.
Со тоа, Скопје и Шкендија Арачиново го комплетираа списокот на учесници во ПМФЛ за следната сезона.
