Шкендија го врати репрезентативецот Бејтулаи

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Македонскиот репрезентативец Егзон Бејтулаи повторно ќе биде дел од тимот на Шкендија. По мини авантурата во Шведска во тимот на Хелсингборт, македонскиот репрезентативец односо се одлучи за Шкендија.

Дефанзивецот беше шест години дел од Шкендија, и сакаше да направи интернационална кариера заминувајќи во Шведска.

„Знаев дека еден ден ќе се вратам, но не очекував дека тоа ќе биде волку брзо. Шкендија и Тетово се мојот дом и нормално дека сум среќен што повторно ќе играм за овој клуб“, рече Бејтулаи.