Шкендија со минимален пораз од Самсунспор во Лигата на Конференции

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Шкендија претрпе минимален пораз од 0-1 од турскиот тим Самсунспор, на првиот натпревар од плеј-офот во Лигата на Конференции. Гостите од Турција победија благодарние на гол на 13 минути пред крајот на средбата.

Веднаш на стартот на мечот во 6. минута Самсунспор промаши пенал. Ндиаје шутираше високо над голот, а потоа истиот играч имаше уште една добра шанса која не ја искористи. Шкендија во првото полувреме се закани преку Тамба, кој шутираше право во голманот Кочук.

На почетокот на второто полувреме Ибраими се најде супер шанса по соло продор, но неговиот удар заврши само крај голот. Асуму се најде во добра прилика во 53. минута, Гаје успеа да обрани.

Голот се случи во 77. минута. Холсе центрираше од левата страна, а нововлезениот Мундилмаџи од прва шутираше прецизно во мрежата на Гаје, што беше и единствениот гол на мечот со кој Самсунспор успеа да се стекне со предност пред реваншот во Самсун.