Екипата на Шкупи е нов фудбалски шампион на Македонија, откако на неколку кола до крајот и математички ја обезбеди титулата, по победата од 2:0 против Ренова во Чаир.
Трибините беа преполни, но фановите чекаа за радост до самиот финиш на мечот.
Имено, Сандеј Адетунџи, кој е најобар стрелец, на десет минути пред крајот на мечот му донесе предност на Шкупи од 1:0 со неговиот 19-ти гол во сезоната.
Победата ја потврди Кевен да Силва во последните секунди од мечот.
Ова е прва титула за Шкупи уште од ерата кога овој тим го носеше името на Слога Југомагнат, кој имаше и други сопственици.
Последен пат тимот од Чаир освои титула во сезоната 2000/2001 и ова за нив е четврти шампионски трофеј.
