Шкупи или Балкани? – Утре на „Тодор Проески“ ќе се одигра одлучувачкиот натпревар

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Шкупи или Балкан, двете екипи утре ќе се соочат на историскиот натпревар кој е одлучувачки за квалификациите во групите на Конференциската лига. Првиот натпревар ќе се одигра во Скопје. Тренерот Гоце Седлоски вели дека направените грешките со Динамо Загреб и Шамрок не треба да се повторат.

Најновото засилување на Шкупи, Бесир Демири смета дека Шкупи е фаворит во овој натпревар бидејќи, како што рече, македонската лига е поквалитетна.

„Ние како клуб не треба да препуштиме на случајноста, и да ја пропуштиме шансата која е преде нас. Мислам дека има повеќе квалитет отколку Балкан бидејќи го знаеме квалитетот на Косовската лига, но натпреварот е рамноправен и се надевам дека ќе победиме“, вели Бесир Демири.

Бидејќи средбата е одлучувачка, на стадионот се очекува да има многу навивачи. Исто така најавено е дека ќе присуствуваат и навивачи од гостинската екипа од Косово. Натпреварот ќе се одржи на стадионот Тодор Проески со почеток од 21 часот.