Шокаровски го демантира Демири: Нема зголемена смртност напротив постои тренд на намалување

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Разрешениот медицинскиот директор на Клиниката за кардихирургија д-р Марјан Шокаровски денеска на прес конференција го демантираше министерот за здравство Илир Демири.

Имено, Демири претходно го разреши овој директор а причината е поради информации за зголемена смртност на Клиниката.

Според него, Комисијата поднела извештај во кои немало познајачни отстапување, но добил податок дека 170 пациенти не биле регуларно внесени во „Мој термин“.

За ова, Шокаровски вели дека податоците не се точни, и дека нема зголемена смртност

„Очигледно изворот на податок ги довел до заблуда и им дал погрешни бројки, а тие не се потрудиле да ја слушнат и другата страна што е основен принцип во објективноста. Токму поради ова направивме сопствена експертиза статистичка. Од анализата дојдовме до објективни заклучоци кои ги побиваат сите претходно изречени невистини од страна на министерот во заминување, и одредени медиуми. Прво не е точно дека се зголемила смртноста отккао сум јас назначен за раководител на институцијата, прецизната статистичка анализа покажува дека нема значајно зголемување на смртноста од една страна, а има значајно зголемување на тежината на комплексноста на пациентите за околу 20%. Второ и позначајно, постои тренд на намалување на смртноста низ последните пет месеци“, вели Шокаровски .