Шолц: Во Украина не смее да има наметнат мир

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Не смее да има наметнат мир во Украина, а секое решение на конфликтот таму мора да ги вклучи САД, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц во интервју за Политико објавено денеска.

„Ми е целосно јасно дека не смее да има решение кое не ги вклучува САД. Следната задача е да се осигура дека нема наметнат мир“, рече Шолц.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера телефонски разговарал за војната во Украина со рускиот претседател Владимир Путин и со украинскиот претседател Володимир Зеленски, а се уште не е јасно дали интервјуто со Шолц е направено пред или по разговорите на Трамп, забележува Ројтерс.