Што мисли Западен Балкан за ЛГБТ? – Здравев: Граѓаните на хомосексуалноста гледаат како болест

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во Собрание се презентираше регионалното истражување за ставовите и мислењата за правата на ЛГБТ заедницата во регионот на Западен Балкан, реализирано од Меѓународната организација за заштита на цивилните права, Собранието и Националната мрежа против хемофобија и трансфобија.

Дамјан Здравев од Цивил рајтс дефендерс рече дека голем дел на граѓаните од Западен Балкан сметаат дека хомосексуалците не растат  во нормално семејство, дека треба да се казнуваат исто како криминалците, а 25% од анкетираните сметаат дека ЛГБТ паровите можат да посвојат дете, а 40% се ЗА одржување на маршот на оваа заедница. Здравев направи компарација на анализата реализирана во 2015 година со сегашните резултати, додавајќи дека е зголемена свесноста на граѓаните и поддршката кон оваа заедница, но се уште треба да се работи во овој правец.