Што покажа патната експертиза? Комитова: Лоши услови, сигнализацијата на автопатот доцни 6 месеци

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Доцнење на сигнализацијата, нејасно зголемување на дозволената брзина на патот до 120 километри но и многу други недостатоци. Ова го покажа експертизата на автопатот Струма што беше направена по катастрофалната автобуска несреќа што се случи пред една недела во Бугарија а во која загинаа 45 патници. Министерката за регионален развој и јавни работи Виолета Комитова објави што увиделе од анализата на патниот правец. Првично за тој дел од патот е издаден АКТ 15 со кој се предвидува максимална брзина од 90 километри на час, рече таа.

„До датумот на катастрофата всушност, за жал завршена е само централната линија и тука има задоцнување од 6 месеци во спроведувањето на сигнализацијата.
Не знаеме зошто во 2013 година е зголемена од 90 километри на 120 километри и до денешна дата 2021 година патот нема АКТ 16.“, рече Комитова.

На ова се надоврза и заменик министерот Иван Шишков, кој истакна дека патот нема капацитет да биде магистрала.

„Тој проект започна да се нарекува автопат или автомагистрала. Тој де јуре, во овие моменти, бидејќи брзината ја надминува дозволата за автопат во ниту еден момент ниту е така проектиран ниту е автомагистрала.“, вели Иван Шишков.

Како дополнителен недостаток е тоа што и кривините се над 4 проценти што исто така не дозволува брзината да биде над 90 километри на час, а беше истакнато и дека банкините од типот на рибја опашка не одговараат на сегашните стандарди. Сепак министерката Комитова тврди дека не е возено со голема брзина туку за катастрофата да биде голема можни се и други фактори, особено тоа што автобусот се запалил.

„Имаме ноќно возење. Имаме дожд. Имаме лизгав пат. Имаме возач на кој можеби му станало лошо. Имаме пожар кој не се случува при секоја катастрофа. Ударот е слаб со слаба брзина во банкината но предизвикал пожар. Има ситуација која не може да се објасни, зошто тој автобус гори за толку кратко време.“, рече Комитова.

По оваа експертиза на патот министерката Комитова рече дека она што ќе биде направено како краткорочни мерки е дека ќе се побара да се замени ознаката но и да се намали максимална брзина до 90 километри на час.