Попладнево паднаа Фејсбук, Месинџер, Ватсап и Инстаграм. Проблемите со пристапот започнаа малку по 17 часот, а околу 17:40 часот услугите целосно беа оневозможени.
Ова се услуги под покровителство на Фејсбук, кои, според првичните информации, паднаа низ целиот свет.
Во меѓувреме се огласија и од Фејсбук, од каде велат дека се работи на проблемот.
„Свесни сме дека некои луѓе имаат проблеми со пристапот до нашите апликации и производи. Работиме на тоа за да се вратат работите во нормала што е можно побрзо и се извинуваме за непријатностите“, истакнаа од Фејсбук.
Слични пораки пристигнаа и од Инстаграм и од Ватсап.
Што се случува? Како тоа најголемите социјални мрежи паднаа во исто време? Хрватскиот портал Индекс побара коментар од експертот Петар Танту.
Танту вели дека ова е прв ваков случај.
„Чудно е што сите услуги на Фејсбук паднаа во исто време и во сите делови на светот, тие имаат брутални резервни системи. Ова е веројатно првиот ваков случај досега, не се сеќавам дека досега се случило вакво нешто. Може да биде заклучи дека тоа не е грешка на серверите, бидејќи тие се одделни и распоредени за индивидуални услуги, како и во однос на регионите. Рано е да се каже за што станува збор, но не верувам дека закрепнувањето ќе потрае многу подолго, можеби еден час, два, три … Фејсбук има силни и добро развиени протоколи за „закрепување“, како и голем број сценарија во случај на разни напади и неуспеси”, вели Танту.
На прашање за тоа кои се можните последици, експертот вели дека со секој изминат час, Фејсбук губи многу средства.
„Постои сигурен пад на акциите, зајакнување на конкуренцијата, губење на пазарот … Твитер во моментов ужива затоа што преку него се одвива кризна комуникација”, заклучи Танту.
Од порталот мислење побарале и од ИТ експертот Марко Ракар, кој вели дека не станува збор за хакерски напад, туку за таканаречена инфраструктурна грешка.
So, @facebook's DNS is broken this morning…
— Jim Salter (@jrssnet) October 4, 2021
TL;DR: Google anycast DNS returns SERVFAIL for Facebook queries; querying https://t.co/0BDgaIHmlr directly times out. pic.twitter.com/3GHJ3mW0P0