Што содржи месечниот извештај на Хелсиншкиот комитет за човековите права?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Што содржи месечниот извештај на Хелсиншкиот комитет за човековите права?

На ова прашање во „10 Минути“ на ТВ21 одговори Вилдан Дрпљанин од Хелсиншкиот комитет.

Тој вели дека најголем дел од случувањата во извештајот за месец декември биле во врска со работничките права, односно тренд кој започнал да се приметува откако започнала пандемијата каде што прекршувањата го достигнале максимумот.

„Иако освен работничките права, ги следиме и затворените институции, областите како дискриминација, родова еднаквост – особен фокус имаме на текстилните работнички, но генерално повторно во декември имаме најголем број на случаи односно 35 пријави во врска со прекршување на работничките права“, додава Дрпљанин.