Здружението „Медиум објектив“ за утре најави штрајк со исклучување на програмата, поради нееднаков третман на дел од регионалните и локални телевизии.
„Регионалните и локални телевизии кои емитуваат програма преку елекотронска комуникциска мрежа, членки на Здружениот Медиум Објектив, незадоволни од одлуката на Владата на Северна Македонија на 58. седница одржана на 30 мај 2020 година, која им се доделува финансиска помош на пет национални и шест регионални терестријални телевизии, за надомест на трошоци за 2020 година кон операторот на дигиталниот терестријален мултиплекс за дозволата за емитување за справување со кризата, почнувајќи од 3. јуни почнуваат штрајк.
Штрајкот се однесува на прекин на програмата од 19 до 20 часот, секој ден со црн екран и испишан текст:
„ШТРАЈК поради нееднаков третман на Владата на Република Северна Македонија кон радиодифузерите“.
Штрајкот ќе трае до носење на Уредба за помош и поддршка на сите радиодифузери“, се вели во соопштението.
