„Оставка, оставка, оставка!“
„Им благодарам на овие ненародни пратеници кои изгласаа НЕ за покачување на платите на работникот ќе им ги прочитам имињата и јавно: Марија Георгиевска, Даниела Марковска, Диме Велковски, Марија Кочовска, Коле Чакарлиев, Арта Биљали Зендели, Бајрами Кадрија и Панчо Минов кој не гласаше и не сакаше да им помогне на работниците никогаш повеќе пратеници, никогаш повеќе глас од работниците, оставка одма“, посочи Дарко Димовски.
138 000 вработени во јавниот сектор нема да добијат покачување на платите од 2806 денари за што ССМ преговараше неколку месеци со владини претставници и им беше ветувано дека ќе се реализира. Побараа оставка од министерот за финансии Фатмир Бесими кој како што велат немал храброст да присуствува на денешната расправа, па го пратил неговиот заменик Филип Николовски како што велат да лаже и од него бараат оставка.
„Штрајкот проодлжува. Ќе се состане штрајкувачкиот одбор, ќе идеме понатаму, отворен е општиот колетивен договор за јавен сектор, верувам, дека премиерот ќе не сфати во нашите барања нема да биде како овие позади кои се од неговата партија и ќе излезе во пресрет за егзистенција на работникот“, вели Дарко Димовски.
„Ги следиме секојдневните покачувања што ни се почнувајќи од горивата, струјата и општите трошоци за живот ССМ изработува потрошувачка кошничка и податоците велат дека не е доволно“, порача вработен во јавен сектор .
„Правник сум во здравство. Кога последен пат сте добиле покачување? Во јануари 5%“, вели вработен во јавен сектор.
На неколку средби што ги оствари ССМ со министерката на МТСП им објаснуваше дека треба да има постепено, системско, долгорочно покачување или нова методологија, но цените на производите и услугите се движат со многу поголема брзина, со која платите не можат да ги стигнат.
