Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто истакна дека Македонија и Унгарија го поддржуваат американскиот претседател Доналд Трамп. Тој ова го рече на заедничка прес конференција со министерот Тимчо Муцунски. Според Сијарто единствено планот на Трамп може да доведе до мир. Сијарто го критикуваше состанокот на европските лидери во Лондон и нивниот план, велејќи дека така само се продолжува војната и се спречуваат напорите на Трамп.
„Ние, како што Република Северна Македонија, и двајцата сме на страна на мирот, го поддржуваме господинот претседател Трамп и исто така успехот на американско-руските разговори, бидејќи јасно гледаме дека мирот може да се постигне само преку американско-руско договор“, изјави Петер Сијарто, министер за надворешни работи на Унгарија.
Од друга страна, Муцунски нагласи дека и Македонија и Унгарија заедно ја поддржале Резолуцијата на Сад во Обединетите нации. Министерот нагласи дека сите одлуки што ги носи државата се водат од македонскиот национален интерес, кој, како што додаде, е во согласност и со надворешната политика на Унија и со стратешкото партнерство со САД.
„Секој којшто мисли дека изнаоѓање на решенија на таков тип на војна и конфликт, со такви геостратешки импликации, секој кој мисли дека тоа може да се оствари без САД има несериозен и би рекол неискрен пристап кон овој конфликт. Да, ние сме мала држава, но држава која има интерес од мир“, изјави Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи.
Инаку, Муцунски и Сијарто во Будимпешта потпишаа Акциски план со кој ќе се споделуваат искуствата и знаењата на Унгарија за патот на Македонија кон полноправно членство во ЕУ.
