Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова телефонски му ја честитала изборната победа на Румен Радев, лидер на „Прогресивна Бугарија“, по неговиот успех на парламентарните избори во Бугарија.
Во разговорот, Сиљановска-Давкова му посакала успех и изразила уверување дека добиеното мнозинство е гаранција за политичка стабилност и брзо формирање влада. Таа нагласила дека стабилноста е важна и за Северна Македонија, со цел да се овозможи конструктивен дијалог меѓу двете земји.
Претседателката очекува новата бугарска влада да покаже пријателски и конструктивен пристап, како и разбирање за потребата од проширување, додавајќи дека во наредниот период се очекува и официјална средба.
