Силен земјотрес го затресе познатиот грчки остров

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Утрово во 7:57 часот, на островот Санторини во Грција, е регистриран земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала.

Земјотресот бил регистриран на длабочина на 5 километри, според податоците на Европско-медитеранскиот сеиозмолошски центар (ЕМСЦ).

Засега нема информации за причинета материјална штета или за повредени лица. Надлежните служби будно ја следат состојбата и се подготвени да реагираат доколку има потреба.

После тој земјотрес, на истото место се забележани земјотреси со помал интензитет.