Силен земјотрес на хрватскиот остров Крк: „Се тресеше цела зграда, страшно“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Силен земјотрес го погоди хрватскиот остров Крк. Според првите информации беше со јачина од 5,5 степени, а потоа направена корекција на 5,3. Хрватската сеизмолошка служба соопштила дека станува збор за јачина од 4,8 степени.

„Страшно се тресеше, траеше неколку секунди“, јавуваат очевидци за хрватските медиуми.

Земјотресот бил почувствуван и во Сплит.

„Се нишаше целата зграда. Страшно“.

Веднаш по овој, следуваше уште еден со помал интензитет од 2 степени според Рихтер.