Силен земјотрес повторно ја погоди Грција

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала вечерва ја погоди областа Халандрис, на Пелопонез.

Земјотресот особено беше почувствуван како во градот Патра, така и во поширокото подрачје. Епицентарот на земјотресот е измерен на длабочина од 6 километри.

Засега нема информации за потенцијални жртви и материјална штета.