Нумерологот Мими Силјановска-Главиновска во „Клик Плус“ на ТВ21 зборуваше што бројките прогнозираат за следната 2021 година.
Таа рече дека следната година со 90% сигурност ќе дојде крајот на пандемијата на коронавирусот, но даде оптимистичка прогноза за економијата, односно рече дека ќе биде во пораст.
„Пред се и да не беше пандемијата во 2020, можеби не во толкава мера, но нумерологијата велеше дека економијата ќе беше во стагнација во најмала рака. Во 2021 година ќе бида активна реализација. Бројот пет кореспондира со пари, како и со институции кои ги чуваат парите, а тоа се банките“, рече Силјановска-Главиновска и додаде:
„Не знам дали ќе бидам во право, но ќе ризикувам да кажам дека економијата треба да биде во пораст. Иако оваа година многу луѓе останаа без работа, нумеролошки кога сте во бројот 5 е да ризикувате. Да смислите нови начини како ќе дојдете до пари. Тука ќе бидат во предност луѓето кои располагаат со големи финансии, да се прошируваат, не да останат во таа дејност, а оние кои немаат многу пари, ќе бидат на располагање и кредити и игри на среќа“, рече Силјановска-Главиновска.
Повеќе детали низ следното видео:
