Нумерологот Мими Силјановска – Главиновска вечерва гостуваше на „Клик Плус“ на ТВ21. Разговаравме што ја очеквуа земјата, и воопшто Светот во новата година.
Таа рече дека пандемијата ќе заврши идната година, и тоа некаде кон март-април, и дека „ќе ги извадиме маските и ќе се ослободиме“.
Но, што е со бугарското вето, и со спорот со Бугарија? Дали има шанси да се реши идната година? Силјановска-Главиновска рече дека идната година ќе биде подобра во односите со Бугарија, и дека ЕУ ќе доживее големи промени.
„Нумеролошки гледано, не бев изненадена од ветото од Бугарија. Зошто? Кога ја анализиравме ЕУ, го добиваме 18, како збир 9. 9+4 + 13, и како овие 2020 година, го дава како едноцифрен бројот 4. И затоа јас реков дека во 2020 година самата ЕУ ќе биде во период со изолација, но и дека ќе се случуваат промени во 2021 година. Не знам како ќе бидат, но ќе има промени. Дефинитивно ЕУ нема да остане ваква каква што е“, рече нумерологот Главиновска.
Таа рече дека во 2021 година е можно изненадување.
„2021 година е во бројот пет, а бројот пет носи можност за изненадување. Не би можела да бидам конкретна дали ќе се случи за нас изненадување. Можеби и Бугарија со ветото и сега ни прави и добра услуга. Можеби ќе се воспостави дека е подобро, можеби ќе влеземе во ЕУ во подобри времиња“, изјави нумерологот.
Силјановска-Главиновска рече дека нумеролошки, ЕУ ќе прима нови членови во 2022 година.
„Ако зборуваме нумеролошки, ЕУ во 2022 година ќе се случат примања во Унијата. Но, може да очекуваме омекнување на соседот. И Бугарија ќе биде во порелаксирана положба. За очекување е омекнување, но тука би кажала дека не зависи само од неа“, изјави Силјановска-Главиновска.
