Силјановска за средбата со Папата: Немам зборови за доживувањето, долга средба

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Претседателката Гордана Силјановска Давкова денеска е во работна посета на Ватикан, каде оствари средба со папата Франциско, јавува репортерот на ТВ21 од Ватикан.

Силјановска ја опиша средбата како долга, и додаде дека нема зборови за доживувањето.

„Тоа многу значело, се усогласивме околу актуелните проблеми, на поддршката на Ватикан на патот кон ЕУ, на поддршката на Ватикан на Западен Балкан, 30 години потоа соработката. Рековме дека успесите се очигледни, потврдивме дека посетата во 2019 беше неверојатно инспиративна, не само за малото стадо на кое папата му порача да не се плаши, туку за сите религии. Пример сме за религиозен дијалог, ќе продолжи, Ватикан верува во нашата сила“, вели Силјановска.