Силниот ветер го оштети кровот на базенот во СЦ „Борис Трајковски“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Силното невреме го оштети кровот на базенот во СЦ „Борис Трајковски“.

Од менаџментот на центарот информираат дека причинета е голема материјална штета.

„Поради невремето кое што во текот на вчерашниот ден го зафати Скопје, причинета е голема материјална штета на кровот на базенот и истиот нема да биде во функција. Благодариме за разбирањето“, велат од таму.