Силно невреме денеска ја погоди Србија, пет општини прогласија вонредна состојба

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Србија денеска ја погоди силно невреме, по кое пет општини беа принудени да прогласат вонредна состојба.

Вонредна состојба е прогласена во општините Чуприја, потоа Петровац на Млави, Лебане, Црна Трава и Бела Паланка, пренесуваат медиумите во Србија.

Како што велат, целта на прогласувањето на вонредната состојба е отстранување на последиците од поплавите што е можно поскоро.

Српскиот хидрометеоролошки завод издаде предупредување за силни врнежи во Банат и во јужниот дел од Србија.