Градоначалникот на Град Скопје, Борис Георгиевски на својот Фејсбук профил информира дека во моментов на терен со екипите на ЈКП Гази Баба се расчистуваат дрвјата паднати во невремето.
„Добивме и информации од граѓани за проблеми со електричната енергија во неколку населби за што нашите служби работат со ЕВН“, додава тој.
Тој упати и апел до граѓаните доколку во нивното маало има оштетено или паднато дрво да пријават на бројот 070/856-560.
