Словенечката планинска спасувачка служба денеска спасила 17 планинари од Окрешље кои биле „отсечени“ од свлечиште по невреме.
Долината Логар ја зафати силно невреме кое, како што пренесува 24ur, ја опустоши областа под водопадот Ринка, кој е популарен меѓу туристите.
Затрупано е коритото и патеката под водопадот широка 200 метри, како и камионот кој се наоѓал во близина на коритото. Заробени се и некои планинари, од кои 17 мораше да ги спаси Планинската спасувачка служба од Окрешље. Никој не беше повреден.
Делови од Словенија денеска беа зафатени од невреме пропратено со силен дожд. Ладен бран ја зафати Словенија од север, што на некои места донесе уште посилно невреме.
Според метеоролозите на Агенцијата за животна средина (Арса), на подрачјето на северна Словенија се формирала бура, а радарските мерења покажале обилни врнежи и голема веројатност за град.
Во исто време имаше и многу силни налети на ветер од северен и североисточен правец. Поради невремето е издадено портокалово метео предупредување за цела Словенија, со исклучок на југозападниот дел.
