Силва и Вархеји во Софија на средба со претседателот Радев

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Португалскиот шеф на дипломатијата Сантош Силва и еврокомесарот Оливер Вархеји денеска одржаа средба и со претседателот на Бугарија, Румен Радев.

Еврокомесарот Вархеји на својот Твитер профил објави фотографии од средбата и истакна дека Бугарија е водечка членка на нивните политики кон Западен Балкан.

„Заедно со португалскиот шеф на дипломатијата одржавме сеопфатна размена на ставови со претседателот на Бугарија, Румен Радев. Бугарија е водечка земја членка во нашата политика кон Западен Балкан. Тука сме да ги дизајнираме следните чекори со Бугарија“, пишува Вархеји.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ: