Симонс: Бајден треба да се повлече за Харис да стане првата жена претседател на САД

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Поранешниот директор за комуникации на американскиот потпретседател Камала Харис, Џамал Симонс, на панел на Си-Ен-Ен рече дека американскиот претседател Џозеф Бајден треба да се повлече за да му дозволи на Харис да стане првата жена претседател на САД.

„Џозеф Бајден беше феноменален претседател, тој исполни многу од ветувањата што ги даде. Останува едно ветување што би можел да го исполни – да биде преодна личност“, рече Симонс, пренесе Фокс њуз.

Тој истакна дека Бајден би можел да поднесе оставка од функцијата претседател во следните 30 дена и да ја назначи Камала Харис за претседател на САД.