Сезонскиот вирус ги наполни поликлиниките. Десетици пациенти секој ден се жалат на малаксaност, дијареја и повраќање. Тие кои ги имаат овие симптоми стравуваат дека се заразени со Ковид-19, но лекарот Седат Лумани вели дека за секој пациент клиничката слика е различна.
„Честопати може да се меша со симптомите на коронавирус или Ковид-19, кои покрај симптомите на настинка или грип како што се кивање, кашлање, губење на апетит, губење на мирис, болки во телото, се јавува и дијареја, која ретко е кај Ковид-19, но како изолиран симптом кога зборуваме за гастроинтестинални инфекции кои се типични за оваа сезона“, истакна Седат Лумани.
Главниот фактор за овие здравствени последици, според Лумани, се високите температури и расипаната храна.
„Посебно кога се зголемуваат температурите, кои се премногу високи, можно е микроорганизмите, без разлика дали се вируси или бактерии, да се размножуваат во нормални услови кои ги нуди температурата. Другиот фактор е негрижата на производителите, продавачите и потрошувачите на хранливи бактерии. Ова може да доведе до бактериски инфекции во гастроинтестиналниот тракт или дигестивниот систем што се манифестира со повраќање, болки во дебелото црево, треска, гадење, што понекогаш може да се избегне со симптоматска терапија, но понекогаш треба да се даде каузална терапија, односно да се побара лекарска помош“, додава Седат Лумани.
Според лекарите, престојот на сонце долг период може да доведе до дехидрација на организмот, проследено со грчеви, повраќање, црвенило и изгореници на кожа. Здравствените власти апелираат овие денови кога температурите се високи граѓаните да избегнуваат непотребно излегување од дома.
