Синдикат: Полицијата без здравствено осигурување – од МВР демантираат дека ова се дезинформации

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Независниот синдикат на полицијата се жали дека на дел од полициските службеници не им е платено здравственото осигурување. Друг проблем од Синдикатот велат дека е и тоа што децата на полицајците останале без здравствено осигурување бидејќи тие се осигурени преку нивните родители полицајци. Претседателот на Синдикатот Гоце Делчев Тодев револтиран бара итно да се реши ова прашање.

Од МВР велат дека ова се дезинформации додавајќи дека имало проблем со само еден вработен во полицијата.

Во врска со прес конференцијата на еден од синдикатите во МВР, ја известуваме јавноста дека за сите вработени во Министерството за внатрешни работи се уплатени придонесите во законски утврдените рокови, но настанат е проблем при пријавување на лице за кое ретроактивно се уплатени придонеси за социјално осигурување, а кое било вратено на работа со судска пресуда откако претходно му бил прекинат работниот однос. МВР веднаш презеде мерки за решавање на проблемот и во координација со Фондот за здравство и УЈП проблемот ќе биде надминат во најскоро време“, велат од МВР.

Од Синдикатот бараат веднаш да се реши ова прашање а додаваат дека вакво нешто не се случува прв пат. Според Синдикатот, станува збор за 12 илјади полицајци на кои не им е платено здравственото осигурување.