Синоќа во Србија исчезна 2-годишно девојче, го пронашле со помош на куче трагач

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во Србија синоќа преовлада паника, по веста за исчезнувањето на 2-годишно девојче. Дуња Марковиќ исчезна во околината на Уб, а веднаш се вклучил и „амбер алерт“ (најди ме).

Малата Дуња исчезнала откако во понеделникот попладне во Уб си играла со своите браќа и сестри пред куќата.

Во потрагата беше вклучена цела држава. Голем број полицајци и припадници на сите служби биле на местото на настанот. Се барало и со дрон. На поомош дошле и други граѓани.

Девојчето го пронашло куче трагач на планинската спасувачка служба. Било пронајдено во лоша состојба, цело премрзнато.

Полицијата го истражува случајот, а семејството се сомнева на грабнување.

„Чувствувам дека е намамена со нешто. Знаеше да каже само два збора“, вели бабата на девојчето.