Недостигот на традиционалните концерти не ги спречи граѓаните да излезат и новогодишната ноќ да ја поминат на плоштадот во Скопје. Центарот беше преполн со луѓе кои излегоа да се прошетаат.
Десетици граѓани се фотографираа со новогодишната елка и Дедо мраз.
Иако е забрането групирање на повеќе од 4 лица, сепак граѓаните излегоа на плоштадот.
За првпат Новата година се слави поинаку – со затворени локали, без музика и без концерти.
Во центарот на Скопје импровизиран снешко држеше порака „носи ја маската правилно, не си снешко“, но дел од граѓаните не се придржуваа на препораката.
Имаше и полиција , која се трудеше да го одржуваат редот.
Иако забрането, сепак не изостана ниту употребата на пиротехнички средства.
Граѓаните велат дека единствата честитка која има смисла е – сите да бидеме живи и здрави.
Годината што ја оставаме зад нас со сигурност беше најтешката година за многумина од нас .
