Јон Фрчкоски, синот на Љубомир Фрчкоски е именуван за директор на аналитичкиот центар во СДСМ.
Сања Лукаревска во денешното гостување во „Дејли Клик“ на ТВ21 кажа дека на партијата и треба освежување, и очекува Јан Фрчкоски добро да се снајде на оваа позиција.
„На СДСМ му е потребна консолидација, освежувње, но основната работна задача на директорот на аналитичкиот центар Јон Фрчкоски и онаа аналитика, плановите, анализите, споредбени податоци и одредени работи кои го одбележаа владеењето на СДСМ. Сите претходни директори на овој аналитички центар, имаат покажано огромен број на резултати“, рече Лукаревска, која на прашањето дали ќе има прочистување во партијата, одговори:
„Паралелно со овој избор на членови за делегати, се прави и ажурирање на членството. Така да врз основа на ова, ќе се направи тоа прочистување за да се види со кој капацитет и со кој квалитет располага СДСМ во моментов.“, вели Лукаревска.
