Воздушна тревога е прогласена рано утринава низ Украина, а на жителите им е кажано да одат во засолништа.
Андриј Јермак, главен советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, објави на социјалните мрежи: „Путин започнува ракетен напад врз Киев“.
Како што јави дописникот на Би-Би-Си, руските бомбардери Ту-95 истрелале околу 6 групи крстаречки ракети кон цели низ земјата.
Ројтерс известува за експлозии кои се слушаат во источниот дел на главниот град Киев. Густ облак чад се издигнува на најмалку една локација, но се уште не е познато дали експлозиите биле резултат на воздушната одбрана или проектилите ги погодиле нивните цели. Две борбени беспилотни летала Шахед беа забележани и над јужниот дел на градот.
Градската воена управа на Киев предупреди дека електричната енергија би можела да биде исклучена бидејќи Русија продолжува да ја напаѓа енергетската инфраструктура пред претстојните зимски месеци.