Сирија и Турција во преговори за одбранбен пакт

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Сирискиот привремен претседател Ахмед ал Шара и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска во Анкара ќе разговараат за можен одбранбен пакт, соопштија извори, пренесе Ројтерс.

Во разговорите ќе бидат опфатени прашања како што се изградбата на турските воени бази во централна Сирија и обуката на новата сириска армија.

Според изворот, преговорите ќе опфатат и обука на сириската армија и можност за користење на сирискиот воздушен простор за воени цели.