Министерот за здравство, Венко Филипче на прес-конференција истакна нови информации околу новата ситуација со коронавирусот. Рече дека 64 вработени и 34 пациенти од Клиниката за дерматологија се во домашна изолација.
„После сместувањето, уште двајца членови на нејзиното семејство се во домашна изолација. Интервјуирани се сите вработени, и сите ќе одат домашна изолација. Тоа се 64 вработени, 11 пациенти, и 13 пациенти кои се лекувале во изминатата недела во дневната болница, односно доаѓале само за терапија.
Во текот на викендов се одржала и конференција на која присуствувале 103 лица, сите се исконтактирани, дел од нив веќе интервјуирани, и кај сите е дадена мерка домашна изолација. Помеѓу нашите гости имало и тројца гости од Грција, и лично го известив министерот за здравство на Грција а овој случај.
Салата во која се одржувала конференцијата е исчистена целосно, исто е случајот и со клиниката.
И покрај тоа што антиципиравме ризици пред време, ги спроведовме сите мерки на претпазливост, ова со што се соочивме денеска навистина многу не разочара. Сега ќе се превземат мерки против директоката, во првата следна можност ќе биде разрешена, но во овој момент со оглед дека целата клиника ќе биде затворена, во овој момент е ирелевантно, но одговорност мора да има за секој кој нема да се поддржува на мерките“, рече Филипче.
