Македонската фудбалска репрезентација претпладнево со чартер лет ќе замине во Букурешт, каде ќе ги одигра двата од три натпревари во групата на Европското првенство против Австрија и против Украина.
Она што е добро за македонските фудбалери е што сите тестови се негативни, па во комплетен состав експедицијата патува во главниот град на Романија.
Македонија на 13. јуни игра против Австрија, а четири дена подоцна ќе се сретне со Украина.
Потоа експедицијата ќе се упати кон Амстердам, каде е последниот натпревар од групата против Холандија кој се игра на 21. јуни.