Скандал во шпанскиот фудбал: Претседателот на Реал Мадрид сниман како ги озборува легендите Раул, Фиго, Гути, Касиљас…

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Реал Мадрид е иконата на шпанскиот но и светски фудбал, а кога ќе одекне афера поврзана со него, и неговите раководни структури, тоа и тоа како треба да се проследи. А во моментов Реал Мадрид го „тресе“ сериозна афера.

Во јавноста излезе снимен разговор од минатото во која првиот човек на Реал Мадрид и тогаш и сега, Флорентино Перез на соговорник му објаснува за колку лоши личности станува збор кога се во прашање клупските легенди Раул Гонзалес односно Икер Касиљас. Наспроти тоа доста позитивно говори за Дејвид Бекам, Роберто Карлос, некогашни големи звезди на клубот.

„Бекам е добро момче, многу паметен. Заработува 30 милиони по сезона. Роналдо Да Лима исто така. Зидан добива 25. А од друга страна го имаш Раул кој не продава апсолутно ништо. Ниту дрес, апсолутно ништо. Медиумски нема никакво влијание. Тој е многу лош, верува дека Реал Мадрид е негов. Го уништува клубот, моралот на играчите, прави се лошо. Многу лош човек“ – вели Перез за играчот кој играше во младите категории на Реал и постигна преку 320 голови за клубот.

Потоа продолжува со разговоро и се врти кон Икер Касиљас.

„Суштината со него е што навивачите го обожаваат. Не знам зошто го бранат толку. Тој е првата измама од играч, а втората е Раул. Тоа се двете најголеми измами во дресот на Мадрид“ – вели Перез во присклучкуваните разговори.

Перез за Фиго рече дека е ку**вин син и дека не сакал да дојде во Реал Мадрид, додека за Гути кажа дека не гледа зошто Реал толку го сака, кога одиграл само два добри меча за тимот. Исто така за Мурињо кажа дека е ненормален, а за Дел Боске „нема поим од ништо“.

Претседателот на Реал Мадрид вели дека се сомнева дека ова му е наместено поради прифаќањето да биде дел од Супер Лигата. Исто така напомена дека објавувачот на снимките наводно му барал 10 милиони евра да прекине со објавување и се закани дека правдата ќе ја бара на суд.