„Скопје 2014“ ќе се отстранува дел по дел – презентиран деталниот урбанистички план на Центар

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Се трудат да дознаат што се случува внатре. Останаа надвор од објектот каде се презентираше Деталниот урбанистички план во општина Центар, бидејќи немаше место да влезат внатре. Еден граѓанин се жали дека изградена зграда до неговата куќа, па сега не може да го види сонцето.

Ова не е единствениот жител кој имаше поплаки.

И овој граѓанин дојде за да дознае што се случува.

„Во делот од предложениот Детален урбанистички план за „Мал Ринг“ во Општина Центар што се презентира денеска – секаде каде што имало неизградени споменици се бришат и на нивно место се предвидува зеленило. Секаде каде што имало згради со намена А2 за домување во претходниот план се пренаменуваат за култура“, вели Богдановиќ.

Богдановиќ рече дека со планот кој го презентираат е предвидено да се отстранува дел по дел од проектот „Скопје 2014“. Вчера, Асоцијацијата на архитекти на Македонија побара повлекување и преработување на ДУП-от и отстранување од него на спорните делови од проектот „Скопје 2014“.