Скопје по 61 часовната изолација – „Како во затвор, на социјалните мрежи, Фејсбук и Инстаграм“, велат граѓаните

НАЈНОВИ ВЕСТИ

По тивкиот викенд, плоштадот во Скопје денеска изгледаше вака. Иако граѓаните беа затворени цели 61 час поради полицискиот час, голема раздвиженост немаше ниту денеска.

„Бидете одговорни, држете растојание и грижете се за вашето за здравјето на другите. Овој напис стои на плоштад Македонија, а ние излеговме да ги прашаме граѓаните како го поминаа викендот дома“, вели репортерката на ТВ21.

“Тешко, а оваа недела и потешка ќе биде. Кога си затворен треба да се подготвиш да обезбедиш се за дома. Тие кои можат, а тие што не можат, Господ да ги чува“, вели граѓанин.

“Два дена поминавме со семејствата дома, но тешко е да си затворен. За нив е полесно, за мажите е потешко“, додава граѓанин.

“Беше многу тешко за нас“, изјави граѓанин.

Повозрасните ги користат тие 6 часа во кои им е дозволено да се движат, и тоа од 5 до 11 часот. Тие не се жалат за полицискиот час и дводневното седење дома, за ТВ21 велат дека се навикнати да седат дома.

Од денеска полицискиот час ќе продолжи како и другите работни денови, со дозвола за движење од 5 наутро до 16 часот. Има граѓани кои не се придржуваат до полицискиот час. Во изминативе 24 часа, според статистиките на МВР, полицискиот час не го почитувале 172 граѓани, од кои 134 биле уапсени.