Скопје се гуши во смог – Шилегов: Не е загадување, магла е

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Вака изгледаше синоќа Скопје.

Оваа сезона, загаденоста на воздухот започна порано поради климатските промени, но и ладното време, сметаат од Иницијативата О2. Првиот човек на Град Скопје, Петре Шилегов, смета дека не станува збор загадување, туку за магла.

„И синоќа мерните станици регистрираа високо ниво загаденост во неколку општини. Најмногу ПМ10 честички имаше во Куманово, Ново Лисиче и Гази Баба, Кавадарци, Велес и Струмица“, истакна Алмедина Исмајли.

Првиот човек на Град Скопје, Петре Шилегов, смета дека не станува збор за загадување, туку за магла. Тој изрази загриженост поради загадувањето, но не спомна никаква мерка или план за да се избегне истото.

Од Иницијативата О2, сметаат дека на централно ниво не е направено доволно против загадувањето и дека со промената на власта плановите за чист воздух се во застој. Според Татјана од иницијативата, недостигаат анализи околу мерките кои се преземаат за подобрување на квалитетот на воздухот.

Директорот на Клиниката за Пулмологија, Дејан Докиќ, најавува дека загадениот воздух овозможува вирусите полесно да навлезат во нашиот организам. Како што објаснува, загадувањето делува негативно и врз здравите луѓе, при што предизвикува лесно воспаление на респираторниот тракт кое може да се манифестира со лесно гребење во грлото и штипење и печење во очите.  

Според докторот Докиќ, загадениот воздух може да предизвика и влошување на клиничката слика на лицата позитивни на Ковид-19. Тој ги повика граѓаните да носат т.н. Н95 заштитни маски со цел да се заштитат и од загадениот воздух, и од вирусните инфекции.