Сладолед кој за еден ден поскапе за 20 денари – ССК: Голем скок за кратко време на цена на производ не е оправдан

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Репортерката на ТВ21: Сладоледот Пепа Пиг вчера беше 60, а денеска? Го качиле 80 денари.

Ова е сладоледот кој за еден ден успеа да поскапи за 20 денари. На каталогот на компанијата која го произведува го нема како останатите со цена. Од локалот кој го продава сладоледот велат дека тие не ги формираат цените туку им ги диктира производителот. Дали е нормална оваа маржа ги прашавме пазарен инспекторат и еве што ни одговорија:

„Цените на производите освен оние кои се опфатени со одлуката на Владата за посебни  услови во трговијата се формираат слободно на пазарот и нема ограничување, тоа зависи од трговецот кој ја формира малопродажната цена“, вели Анета Симеска Димоска, директор на Државен пазарен инспекторат.

Но, за секој производ кој го продава трговецот е должен да води евиденција на соодветни обрасци пропишани со Правилник за начинот на водење на евиденцијата за набавка и продажба на стоките и услугите во трговијата на големо и мало. Доколку трговецот не води евиденција за набавка на стоките или не ја води согласно закон и друг пропис е прекршок кој се казнува согласно Законот за трговија.

Поголем скок на цена на производ за краток временски рок не е оправдан доколку се базира на непазарни принципи.

„Сојузот на стопански комори како деловна мрежа активно го промовира и поттикнува одговорното и законско работење на копаниите, како услов за долгорочен развој и раст на бизнисите. Сите оние кои имаат сознанија за случаи на непазарна корекција на цените, треба да пријават до надлежните  институции кои располагаат со механизми за контрола и санкација“, велат од Сојузот на стопанските комори.

ССК ги охрабрува надлежните институции помотивирано и со повеќе ресурси да пристапат на контрола и регулирање на нелегалните бизниси каде што ваквата појава на злоупотребата е повозможна.