Славески открива колку лица не го поминаа филтерот за безбедносен НАТО сертификат и дали меѓунив има и политичари?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Директорот на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, Стојан Славески во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 открива колку лица не го поминале филтерот за безбедносен НАТО сертификат и дали меѓу нив има и политичари.

„Не би сакал да шпекулирам со бројките, но има одреден процент на лица кои не го поминаа овој процес, за некои веќе се разговараше во јавноста“, посочи Славески.

Тој вели дека сите лица кои што нема да го поминат процесот добиваат решение од страна на Дирекцијата дека се одбиени за издавање на безбедносниот сертификат, а потоа можат да се жалат во постапка до второстепената Комисија на Влада.