РКЕ ја разгледа предлог одлуката за одземање на лиценцата за производство, дистрибуција и снабдување со топлотна енергија на Балкан енерџи груп (БЕГ). Се очекува следната недела да се закаже главната седница на која ќе се донесе конечна одлука за одземање на лиценцата на БЕГ, соопштуваат од РКЕ.
Министерот за економија Крешник Бектеш неколку пати ја покани градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска јавно да се соочат во врска со темата и одговорностите. Министерот во интервју за Утрински брифинг рече дека се неосновани изјавите на опозицијата за земање природен гас од Унгарија и други држави, бидејќи такво нешто не може да се реализира и даде свој предлог за решавање на ова прашање.
„Но што можеме да направиме оваа зима, е да го искористиме интерконекторот меѓу Бугарија и Грција и преку тој интерконектор да се приклучиме и на ТАБ и други извори на терминалите на НЛГ, каде одредени терминали се во Турција, и преку тој интерконектор и тој што го имаме во Бугарија и ние ќе се снабдуваме со природен гас“, вели Бектеши.
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска го обвини министерот Бектеши на социјалните мрежи велејќи дека Град Скопје нема никаква правна обврска за решавање на проблемот на Бектеши.
Доколку треба да станам јас министер за економија нека си даде оставка Бектеши, вели Арсовска, оградувајќи се од одговорноста за
„БЕГ е проблем на Владата. Министерот Бектеши треба да си ги знае сопствените надлежности и да ги реши проблемите на граѓаните. Да потсетам министерот кој се сликаше со дониран зејтин кој не можеше сам да го обезбеди, нема право да зборува за туѓа способност
Од октомври Град Скопје најверојатно нема веќе да се грее преку БЕГ“, рече Арсовска.
РКЕ соопшти дека е во процедура одземањето на лиценцата на БЕГ за производство, дистрибуција и снабдување со топлотна енергија.
