Следните два дена редукција на приватните автобуси – доколку не им биде исплатен долгот, велат дека нема да сообраќаат

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Приватните превозници известија дека следните два дена ќе функционираат со редуциран распоред, додека доколу ЈСП и Град Скопје не им го исплаќаат долгот, најавуваат целосен прекин со работа. Оливер Петрушевски, приватен превозник, вели дека и тие им должат на бензинските пумпи за нафта.

Освен долгот, Исен Халили вели дека и платите им се многу мали и едвај ги покриваат месечните трошоци и дека затоа се обрзани да земаат кредит.

„Првиот проблем е нередовната плата, не земаме пари за работата која ја вршиме постојано, има доцнење од 6 месеци, долгот е многу голем и дојдовме во ситуација кога не можеме повеќе да продолжиме. Вториот проблем е ниската цена, значи со оваа цена со која ние сега возиме можеме да ги покриеме само трошоците а за нас не останува ништо“, вели Исен Халили.

Мухамед Халили, приватен превозник, кој зависи само од оваа работа, вели дека не знае дали ќе се врати на работа или ќе почне да работи нешто друго.

„Сега не знам што ќе правам, дали ќе се вратиме да работиме или ќе почнам да барам работа на друго место“, порача Мухамед Халили.

Инаку Скопје остана без приватни превозници и во ноември 2022, поради истите причини.