Следува период на стабилно и претежно сончево време. По котлините во претпладневните часови ќе има појава на магла и ниска облачност, особено утре и кон крајот на
работната недела.
Температурите ќе бидат во пораст и од вторник дневните ќе бидат над просекот за овој период од годината. Топлото време ќе предизвика топење на снежната покривка.
Временска прогноза за денес: Претпладне сончево, на места со умерена облачност, а попладне облачноста насекаде ќе се намали. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец.
Во ноќните часови по котлините ќе започне да се формира магла и ниска облачност. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15 степени.
