Словенечката претседателка доби овации во Европскиот парламент: „Се случува геноцид, а ние гледаме и молчиме“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар доби овации за време на нејзиниот говор во Европскиот парламент за говорот во кој кажа дека во Палестина ЕУ гледа геноцид, но дека молчи за тоа.

Таа ја обвини Европската нија за пасивност и поделба во нејзиниот одговор на кризата во Појасот Газа.

„Верувајте ми, настаните на Блискиот Исток честопати ми предизвикуваат бессони ноќи. Што може да направи една мала земја? Што може да направи Европската Унија? Понекогаш ни се чини дека нема ништо или дека е премалку. Многу е во рацете на една суперсила. Но, да бидеме искрени. Ќе се осмелам да го кажам тоа денес тука во Европскиот парламент. Сведоци сме на геноцид на Западниот Брег. Го гледаме тоа и молчиме“, рече претседателката на Словенија.

Таа изјави дека Словенија се стреми кон мирно и стабилно европско соседство и дека затоа се залага за посилна европска акција во врска со кризата на Блискиот Исток. Таа посочи дека ЕУ покажала загрижувачко ниво на неединство и неефикасност во оваа криза.

„Главната цел на ЕУ мора да биде што поскоро прекин на конфликтите“, изјави таа.