Словенија од понеделник ги ублажува мерките кои беа донесени за спречување на коронавирусот.
Тоа ќе подразбира отворање на туристичките објекти, и ќе бидат дозволени собири со 200 лица.
Повторно ќе работат теретаните и спа-центрите. Својата врата ќе ја отворат сите хотели како и базените. Само ноќните клубови и дискотеките нема да работат. Маркетите нема да работат во недела и во празниците.