Случајот „Алфа“ во судски лавиринти – Даути: Агим секој ден чека да биде ослободен од затвор!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Случајот „Алфа“ никако да излезе од судските лавиринти, а осуденикот Агим Ислами веќе 15 месеци чека одлука околу тоа дали ќе има повторно судење и расветлување на случајот. Судските органи постојано ветуваат дека наскоро ќе донесат одлука, но поради административни грешки, предметот речиси 3 месеци „талка“ од Апелациониот, до Кривичниот суд.

ТВ21 дознава дека неодамна осудениот Алмир Дрпљанин поднел уште една жалба против пресудата.

„Предметот е дојден, рефериран е и бидејќи има нова жалба одлучено е повторно да се врати во Вишото јавно обвинителството во Скопје да се произнесат по ново изјавената жалба. Кога ќе се врати предметот, тогаш ќе се продолжи со постапката тука“, велат од Апелационен суд.

Агим Ислами е речиси 15 години во затвор, а е осуден на доживотен затвор за убиството на полицаец Албанец во 2008 година што се случи на паркингот на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Поранешниот затвореник, Рамиз Даути, тврди дека Агим не го извршил убиството. Според него, последното вештачење направено во Србија, покажало дека осудените за овој случај немаат никаква врска со убиството.

„Агим секој ден чека да излезе на слобода поради тоа што тој се познава себеси и знае дека е чист и невин“, вели Рамиз Даути.

Даути бара од судот да постапат по предметот што е можно поскоро. Смета дека доцнењата се прават со единствена цел – одолговлекување на случајот.

„Да беше функционална држава и да имаше некорумпирано судство, а не како што е ова сега во кое воопшто немам доверба, мислам дека воопшто немаше да има потреба да ми ги поставите ова прашање. Досега Агим требаше да биде на слобода, предметот да биде вратен на повторно судење и да почнат другите фази за одбрана со аргументи и факти кои ги имаме за одбраната на Агим“, додава Рамиз Даути.

И првиот вицепремиер, Артан Груби во „Клик Плус“ рече дека Агим Ислами не треба да биде во затвор и дека треба да има одговорност за институционалното одолговлекување.

Кривичниот суд не може да донесе одлука за можно повторно судење за случајот, поради тоа што дел од досието е во Апелација. Членовите на семејствата бараат за предметот на Агим Ислами да се постапува одвоено, поради тоа што и судењето за Алмир Дрпљанин се водеше во посебна постапка.